Ден на македонскиот јазик

Jaзикот е нашето најголемо културно богатство, но јазикот без азбука е како птица без гнездо, семејство без дом. Нашата современа азбука кирилица е усвоена на 5 мај 1945 година со одобрение од Народната влада на Македонија, а ја изработила Јазичната комисија.

За таа цел учениците овој ден 05.05 посветен на македонската азбука го одбележаа со неколку активности како знак дека со свој јазик и азбука сме некој и нешто, дека постоиме како народ со своја култура и традиција и ќе се пренесува од колено на колено на идните генерации!

Oдговорни наставници по македонски јазик Aндриана Митевска и Анкица Петрушевска

Поврзани вести