За училиштето

OОУ” Браќа Миладиновци” с. Миладиновци се наоѓа во општина Илинден. Во состав на централното училиште работат две подрачни училиште во селата Текија и Мршевци. Развојниот пат на училиштето може да се каже дека минува низ две етапи и тоа: првата од 1939 година, втората од 1957 година, па до денес.

Училиштето “ Браќа Миладиновци” с. Миладиновци, работи во три објекти и тоа, централно училиште во с. Миладиновци и две подрачни училишта во с. Мршевци и с. Текија. Училиштето е со статус на јавна установа чија основна дејност е воспитание и образование на деца, ученици од I– IX одделение. OОУ” Браќа Миладиновци” с. Миладиновци e деветтгодишно училиште кое ги опфаќа учениците од од шест села и тоа : Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци, каде наставата се изведува на македонски јазик.

Нашето училиште денеска

OОУ” Браќа Миладиновци” с. Миладиновци се наоѓа во општина Илинден. - централно училиште.
Површина на училшниот двор во централното училиште:
  • тревна површина - 800 m2 и
  • друга дворна површина - 10 000 m2.

ПООУ Мршевци во село Мршевци ги опфаќа учениците од прво до петто одделение од селата Мршевци и Бучинци.
Површина на училшниот двор во ПООУ Мршевци:
  • тревна површина - 2000 m2 и
  • друга дворна површина - 10 000 m2.
 
ПООУ Текија ги опфаќа учениците од реонот на село Текија и Дељадровци, исто така од прво до петто одделение.
Површина на училшниот двор во ПООУ Текија:
  • тревна површина - 2000 m2 и
  • друга дворна површина - 600 m2.

Квалитетен наставен процес

Учениците кои патуваат до училиштата повеќе од 2 км. е обезбеден беспатен превоз од страна на општината Илинден, а превозник е ЈСП. Нашето училиште е отворено и иновативно училиште кое постојано е свртено кон промени кои придонесуваат за поквалитетен наставен процес во чиј центар се учениците. 
НАШАТА МИСИЈА
Нашето еко - училиште е пријатно катче за стекнување знаења, воспитување и толеранција помеѓу учениците, родителите и вработените.

Со професионален пристап на вработните и употреба на информатичката технологија го подобруваме квалитетот на наставата и ја афирмираме и промовираме нашата воспитно-образовна институција.
НАШАТА ВИЗИЈА
Подобри услови за работата на училиштето,унапредување на мултикултурната соработка и помагање на учениците од социјално ранливите категории, ќе создадеме квалитетна клима за работа и ќе го подобриме училишниот успех.
НАШАТА ЦЕЛ
Нашата цел е училиште по мерка на детето, место каде што учениците со желба ќе престојуваат, ќе ги задоволуваат различните образовни потреби и ќе се оспособуваат за доживотно учење.

Современите нагледни средства ќе овозможат интересна истражувачка и креативна настава. Училиштето претставува средина без насилство, хармонична средина за раст и развој на децата во која се негува здравиот начин на живот.