Од Идиоми до Ритам: Рап Дијалог низ Култури

Од Идиоми до Ритам: Рап Дијалог низ Култури е иновативен eTwinning проект чија цел е да им овозможи на учениците да ги развијат своите јазични вештини преку истражување на идиоми од својот и од други јазици и култури, при што ќе ги реинтерпретираат во современ формат на рап музика.
Учениците истражуваа и споредуваа идиоми, учеа техники на рап музика, пишуваа текстови, создаваа музика и видеа, а на крајот организираа меѓународен онлајн рап фестивал.
Преку целиот процес, учесниците се стекнаа со искуство во креативна употреба на јазикот, дигитални вештини и интеркултурна комуникација. Комбинирајќи го учењето на јазик со музика и технологија, проектот има за цел да им понуди на учениците забавно и незаборавно образовно искуство.
Проектот се реализираше со учениците од IV одделение.
Одговорен наставник: Емилија Стојановска

Галерија