ReNewCycle Project

eTwinning проектот ReNewCycle Project ги учи учениците како повторно да ги искористат материјалите кои ги користеле за време на нивното образование на поинаков начин. Им помага да развијат свест за рециклирање и да ја применуваат оваа свест низ целиот свој живот, при што ќе ги унапредат своите вештини за креативно размислување. Целта не е само да се рециклира материјал, туку учениците да го препознаат рециклирањето како неопходност и природно да ја применуваат во сите фази од нивниот живот.
Дополнително, преку овој проект се настојува да се подобрат технолошката писменост и вештините на учениците, паралелно со развивањето на нивната креативност. Преку едукативни и забавни активности и игри, проектот има за цел да ги мотивира учениците, да го подобри квалитетот на нивниот живот и да придонесе за развивање на еколошка свест.
Проектот се реализираше со учениците од IV одделение.
Одговорен наставник: Емилија Стојановска

Галерија