Денови на култура

Во рамките на манифестацијата ,,Денови на културата'' денес во Домот на културата во Илинден се одржа Литературното матине за деца во кое учествуваа и ученици од нашето училиште со свои лични поетски творби на тема: ,, Пролетта во мојот крај". Најдобрите поетски творби избрани од нашето училиште се:
Јован Младеновски 8-2 одд - прва награда;
Нена Стојановска 8-2 одд- втора награда;
Сара Ѓошевска 8- 1 одд - трета награда.
Учениците за истите добија книги и дипломи за освоените места. Учениците се запознаа одблиску и со творењето на детска литература преку влијателните македонски писатели за деца, да се пишува, твори, создава на својот мајчин македонски јазик .
Честитки за наградените ученици, се надеваме дека во иднина ќе достигнат уште поголеми остварувања во доменот на поезијата.
Ментор : Андриана Митевска

Галерија