Општински натпревар по Прва помош

На 16. 4. 2025 год., во просториите на СУГС„Панче Арсовски“ се одржа Општинскиот натпревар по Прва помош, во организација на Црвениот крст на Општина Гази Баба. На натпреварот учество зема и тимот од нашето училиште составен од следниве ученици: Томислав Паневски-лидер на тимот, Ана Младеновска, Ана Марковска, Ева Станчевска, Сара Ѓошевска, Јована Богдановска, Филип Цветановски -членови на тимот.
🍀Учениците успешно го претставија нашето училиште и се стекнаа со нови искуства и знаења од оваа област.
Ментор: Марко Симиќ

Галерија