Онлајн час по географија

Денес во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, учениците од седмо одделение од нашето училиште заедно со своите врсници од ПОУ „Кочо Рацин“ – Огњанци, учествуваа на заеднички онлајн час по географија!
Преку апликацијата Zoom, учениците се поврзаа и ги здружија своите знаења, а преку Kahoot квиз одговараа на внимателно подготвени прашања за нашата родна земја 🇲🇰 – прашања кои ги опфатија некои од најважните и најпознатите факти за Македонија.
Овој час беше повеќе од учење – беше можност за поврзување, соработка и забава! Учениците од двете училишта се запознаа, разменија искуства и на креативен начин го проверија своето знаење.
💡 Овој настан уште еднаш потврди дека технологијата, кога се користи со вистинска цел, може да биде одличен сојузник во образованието!
 
Одговорни наставници:
Димка Божинова Ѓорѓиевска
Ruhide Adili

Галерија