Посета на Планетариум

На 07.02.2025 год. учениците од четврто и петто одделение од подрачното училиште во с.Текија и учениците од шесто одделение од с.Миладиновци заедно со своите наставници го посетија Планетариумот во Скопје. 💫👩‍🚀🚀За време на посетата беше одржано предавање кое им овозможи на учениците да се стекнат со дополнителни знаења од темите кои ги обработуваат по предметот природни науки и да добијат одговори на сите прашања. 🏙Беше направена обиколка на центарот на градот Скопје и посета на Спомен куќата на Мајка Тереза.

Галерија