Меѓуетничка интеграција преку спорт

На 12.06.2024 во подрачното училиште на ООУ„Браќа Миладиновци“ с.Текија се одигра пријателски натпревар во мал фудбал помеѓу екипите на ООУ„Браќа Миладиновци“ од Миладиновци и ООУ„Кочо Рацин“, Петровец (П.У Огњанци). Натпреварот се реализираше во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието преку спорт. Учениците од шесто и седмо одделение од двете училишта се дружеа, спортуваа и се забавуваа. Заедно со нивните наставници по физичко и здравствено образование и со останатите ученици, наставници и директорот испратија порака за меѓуетничка толеранција и интеграција.

Галерија