Патронен празник на училиштето

Со положување на цвеќе, рецитал и говор од страна на директорот на училиштето Дарко Петковски, денеска (22.05.2024) беше одбележан патрониот празник на училиштето.
Почит на патроните на училиштето со положување на цвеќе оддадоа и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски како и директори на училиштата, градинката, јавни претпријатија и здруженија.
Воедно беше отворен и летниковецот кој се очекува да служи како катче за дружење, диксусија и настава на отворено и е донација во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ во соработка со Коалиција Сега, Прва детска амбасада Меѓаши, Фондација Песталоци и Smart up - лабараторија за социјални иновации.

Галерија