Пролетна офанзива 2024: ФРЛИ ЦВЕТНА БОМБА!

 
Пролетна офанзива 2024: ФРЛИ ЦВЕТНА БОМБА! 
Учениците од нашето училиште се приклучија на иницијативата на Slow Food Macedonia наречена „Пролетна офанзива 2024: Фрли цветна бомба!“.Учениците претходно изработија цветни бомби-топчиња составени од комбинација на компост, глина и семиња од цвеќиња. Компостот и глината имаат улога на носители на семињата, така што тие можат да се лансираат преку sидови или огради и во недостапни области како што се запуштени локации. Денес учениците цветните бомби ги фрлаа во недостапни места. Целта е преку расејување различни фуражни, цветни и зачински растенија, кои имаат медоносни својства, да се придонесе за зачувување на пчелите и за зачувување на биодиверзитетот во нашата држава.
Одговорни наставници:Билјана Смилевска,Александра Стоевска и Габриела Младеновска

Галерија