Spelling Bee Contest

На 25.12.2023 во просториите на централното училиште се одржа натпревар по спелување на англиски јазик. На натпреварот учествуваа учениците од четврто и петто одделение од подрачните училишта и од централното училиште. Во силна конкуренција од вкупно 17 ученици прво место освои Илина Ристовски од ПОУ Мршевци од петто одделение. Второ место освои Дамјан Станисавовски од четврто одделение, и трето место е Мелани Димитриевска, петто одделение исто така од ПОУ Мршевци. Учениците воодушевувачки ги претставија нивните вештини за спелување и вешто се бореа за високо достигнување. Се надеваме дека нивното искуство денеска ќе биде доволен мотив за останатите ученици во иднина да земат учество во слични настани. 
Како горди наставници за нивниот успех само можеме да им посакаме - Keep up the good work!

Галерија