Конкурс за избор на најдобри ученички ликовни,литературни и истражувачки творби

На ден 13.12.2023 беше организиран конкурс за избор на најдобри ученички ликовни,литературни и истражувачки творби од страна на СГГУ,,Здравко Цветковски" од Скопје.На конкурсот учество земаа нашите ученици од деветто одделение. За поетска творба на тема ,,Звуците на новогодишната ноќ"учествуваа Милева Додиќ и Викторија Богојевска од 9-1,додека на конкурсот за најдобар есеј на тема ,,Божиќниот чај со моите најблиски" учествуваше Амина Шашивари од 9-2.На овој конкурс учество земаа седумнаесет основни училишта од Скопје, а учениците учесници, нивниот ментор и нашето училиште се здобија со благодарници за посветениот труд.
Благодарност и повеќе успеси во иднина.
Ментор:Мирјана Радуловиќ

Галерија