Short Tales, Long Tails

Short Tales, Long Tails е eTwinning проект наменет за најмладите ученици, со цел да ги запознае со основниот вокабулар на англискиот јазик преку тема што им е блиска – мачињата. Учениците учеа зборови поврзани со изглед, движење и животот на мачките, создаваа кратки приказни, цртани речници и илустрации.
Проектот вклучува и запознавање со куклен театар – изработка на кукли, сценографии и изведба на приказни. Преку креативни и забавни активности, учениците развиваат јазични, уметнички и социјални вештини, како и чувство за соработка и меѓукултурна размена.
Во проектот учествуваа ученици од ПОУ Мршевци од прво и второ одделение.
Одговорен наставник: Емилија Стојановска

Галерија