Екскурзија за учениците од деветто одделение

Од 5 јуни до 7 јуни 2024 година се организираше екскурзија за учениците од 9 одделение во Западна Македонија. Учениците при оваа екскурзија се запознаа со природните убавини и културното наследство на Македонија. Ги посетија изворот на реката Вардар „Вруток“, манастирите Св.Јован Бигорски и Св. Георгиј Победоносец во Рајчица, ги разгледаа Мавровското и Дебарското езеро, течението на реката Радика, како и Вевчани и вевчанските извори. Од богатото културно-историско наследство на градот Охрид учениците ги посетија и разгледаа црквите Св.Софија, Св. Јован Канео, Св. Климент-Плаошник, Св. Наум Охридски, како и Самоиловата тврдина и Античкиот театар . Исто така се реализираше и прошетка од Билјанини извори по брегот на Охридското езеро, низ Охридската чаршија и прошетка по течението на реката Црн Дрим во Струга. Учениците ја посетија Хераклеа и имаа прошетка на Широк Сокак во Битола. Учениците при оваа посета се стекнаа со знаења за културното богатство што го нуди нашата земја, како и за нејзините природни убавини.
Одговорни наставници:Јаким Ристовски и Александра Стоевска

Галерија