Почитувани родители/старатели, наставници, воспитувачи и сите заинтересирани учесници во образовниот процес,
Целта на работилницата е преку практичен и применлив пристап да се споделат конкретни активности и техники кои придонесуваат за:
развивање на саморегулација кај учениците
зголемување на концентрацијата и вниманието
создавање позитивна и поддржувачка училишна средина
Работилницата ќе биде интерактивна, со активно учество на присутните, размена на искуства и примери кои може веднаш да се применат во секојдневната работа со децата – и дома и во училиште.
Како училиште, веруваме дека ваквите соработки се од исклучително значење и треба да бидат континуиран дел од нашата работа, како што тоа беше случај и во изминатите години. Само преку заеднички труд, разбирање и поддршка можеме да придонесеме за развој на самостојни и одговорни личности.
Ве покануваме да бидете дел од оваа работилница и заедно да создадеме подобра и побезбедна средина за нашите деца.
Датум: 25.03.2026 (среда)
Време: 18:00 часот