Трпеза исполнета со вкусови, традиција и благодарност!

Ниту еден празник на споделување не е целосен без заедничка трпеза!
 
Како дел од одбележувањето на Денот на благодарноста во ПООУ „Мршевци“, подготвивме празнична трпеза со традиционални домашни јадења, за чија подготовка и реализација огромна поддршка ни дадоа родителите на нашите ученици.
Нивното вклучување и несебична помош уште еднаш покажаа колку е важна соработката меѓу училиштето и семејството во создавањето пријатна, поддржувачка и поттикнувачка училишна средина.
Посебен придонес дадоа и учениците од предметната настава, кои истражуваа, подготвуваа и запишуваа рецепти, создавајќи мала книга со традиционални рецепти. На тој начин, преку храната, ги поврзавме учењето, традицијата и богатството на семејните вредности.
Прекрасните домашни специјалитети, споделените рецепти и насмевките околу трпезата беа потсетник дека најубавите моменти се создаваат кога споделуваме.
Голема благодарност до сите родители кои помогнаа овој ден да биде уште посебен!
Зашто, кога училиштето, учениците и родителите работат заедно, резултатот секогаш е повеќе од една успешна активност – тоа е заедништво кое се гради и негува. 
 
Одговорни наставници:
Димка Б.Ѓорѓиевска
Колектив при ПООУ Мршевци
Ruhide Adili
Merita Imeri
Ramize Memedovska
 

Галерија