Како дел од заедничкиот настан по повод Денот на благодарноста, во ПООУ „Мршевци“ организиравме и изложба на ученички изработки од природни и рециклирачки материјали, во рамките на Еко-програмата на училиштето.
Преку своите креативни идеи и вешти раце, учениците покажаа дека материјалите од природата и предметите што често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот и да се претворат во вистински мали уметнички дела.
Изложбата беше уште една можност да ја поттикнеме креативноста, да ја развиваме еколошката свест и да испратиме важна порака: грижата за природата започнува со малите чекори што ги правиме секој ден.
Бидејќи најубавите идеи се оние со кои создаваме нешто ново, а истовремено правиме нешто добро за нашата околина.