На 26.11.2026 година, во ПООУ „Мршевци“, во рамките на Програмата за меѓуетничка интеграција во образованието, а поттикнати од духот на Денот на благодарноста, организиравме заедничка активност на која ни беа гости учениците од подрачното училиште во Огњанци, при ООУ „Кочо Рацин“ – Петровец.
Преку интердисциплинарен пристап во наставата, учењето го претворивме во интересно и весело дружење исполнето со нови знаења, креативност и многу насмевки.
Учениците подготвија кратка драматизација на англиски јазик, преку која ги запознаа присутните со потеклото, историјата и значењето на празникот. Следуваше рецитал на песни посветени на есента и Денот на благодарноста, а потоа и низа забавни игри и предизвици приспособени на возраста на децата – погоди го клунот на мисирката, решавање загатки, цртање со затворени очи и уште многу интересни активности.
Посебно место имаше и Ѕидот на благодарноста, на кој учениците со свои зборови запишаа за што се благодарни, споделувајќи ги малите и големите нешта што им носат радост. А за да ги овековечиме убавите моменти, подготвивме и интересно празнично катче за фотографирање, кое внесе дополнителна ведрина во дружењето.
Но, најважно од сè беше можноста учениците да се запознаат, да соработуваат, да споделуваат и да создаваат нови пријателства.
Зашто, благодарноста не е само да кажеме „благодарам“, туку и да научиме да ги цениме различностите, да го споделуваме она што го имаме и да бидеме дел од заедница во која секој припаѓа.