Сладок и едукативен ден во „Винчини“ – Виница!

Сладок и едукативен ден во „Винчини“ – Виница! 🍪📚
 
Нашите ученици од IV и V одделение денес имаа незаборавна посета на фабриката „Винчини“ во Виница. Низ една супер интересна едукативна работилница, нашите ученици одблиску се запознаа со процесот на создавање на нивните омилени слатки производи, научија како се работи во голема компанија и уживаа во вкусовите и мирисите на свежо подготвените колачиња.
 
Голема благодарност до домаќините од „Винчини“ за срдечниот пречек, одличната организација и прекрасното искуство кое им го подарија на децата! 

Галерија