Детството некогаш и денес – приказни што нè поврзуваат

Детството некогаш и денес – приказни што нè поврзуваат 
 
Како дел од активностите во рамките на Програмата за меѓуетничка интеграција во образованието, заедно со нашето збратимено училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Петровец и учениците од подрачното училиште во Огњанци, создадовме заедничка книга во StoryJumper, составена од интервјуа со постари членови на семејствата на нашите ученици.
Преку внимателно осмислени прашања, учениците имаа можност да ги откријат приказните од детството на своите родители, баби и дедовци – како изгледале нивните игри, како го поминувале слободното време, кои семејни моменти ги паметат со посебна радост и кои животни поуки сакаат да им ги пренесат на помладите генерации.
Иако детството некогаш и денес во многу нешта се разликува, приказните на нашите соговорници нè потсетија дека постојат вредности кои не зависат од времето во кое растеме. Одговорноста, совесноста, почитта кон семејството и традицијата, прифаќањето на различностите, љубовта и меѓусебното разбирање се вредности кои треба да ги негуваме и пренесуваме од генерација на генерација.
Можеби најважната порака што ја научивме е дека не треба да го избираме минатото или сегашноста, туку да го прифатиме најдоброто од двете – да ги чуваме убавите спомени и традиции, а истовремено да градиме свет во кој има повеќе разбирање, почит и прифаќање.
Зашто детството се менува, времињата минуваат, но вистинските вредности остануваат. ❤️
Погледнете ја целата книга на следниот линк
Одговорни наставници:
Емилија Стојановска
Андриана Митевска
Анкица Димитриевска
Nazmi Maloki
Merita Imeri 
 

Галерија