Во рамките на наставниот предмет Природни науки , на тема „Унапредување на здравјето – Вируси и бактерии: Како да се заштитиме?“, учениците од III одделение се впуштија во една интересна и возбудлива истражувачка авантура!
Преку практична активност, учениците имаа можност да откријат дека микроорганизмите се насекаде околу нас, дури и таму каде што не можеме да ги видиме со голо око.
Нашето истражување го спроведовме во неколку чекори:
- Најпрво ја подготвивме подлогата за развивање бактерии.
- Потоа земавме брисови од рацете на учениците.
- Земавме брисови и од површините во училницата што секојдневно и често ги допираме.
- Ги оставивме подготвените примероци неколку дена за да можеме да го следиме развивањето и размножувањето на бактериите.
Со голема љубопитност и возбуда ги следевме промените и откривавме колку микроорганизми можат да се наоѓаат на нашите раце и на предметите што секојдневно ги користиме.
Преку ова истражување научивме колку е важно:
- редовно и правилно миење на рацете;
- одржување на личната хигиена и чистотата во просториите;
- покривање на устата и носот при кашлање и кивање;
- грижа за сопственото здравје и здравјето на другите.
Најважно од сè – научивме дека малите, секојдневни хигиенски навики се голема заштита за нашето здравје!
Учимe преку истражување, откривање и лично искуство – затоа што најдобро се учи кога самите сме мали научници!
Oдд.наставник: Драгица Апостоловска