Модели на речни корита

Учениците создаваат модели на речни корита и учат преку пракса!

Часовите по природни науки во нашето училиште се секогаш исполнети со креативност, истражување и практично учење. Овој пат, учениците од V одд. преку практична работа и изработка на мини-модели имаа можност да навлезат во тајните на хидролошките процеси и да го разберат поимот за речните текови, меандри и површински води. Со употреба на едноставни материјали како алуминиумска фолија, песок, камчиња и бои, учениците креираа сопствени речни корита. Преку овие практични модели, тие на интерактивен начин истражуваа како тече водата, како се формираат меандрите во природата и што претставуваат речниот извор, тек и влив. Преку ваквите креативни активности, учениците не само што ја развиваат својата имагинација и еколошка свест, туку и полесно ги усвојуваат наставните содржини, поврзувајќи ја теоријата со реалниот свет околу нас.

 
Одговорен наставник: Александра Стоевска