Во соработка со менторот за училиштето од Коалицијата на младински организации СЕГА и психологот, координатор на училиштето Татјана Насевска - Додевска, успешно го реализиравме првиот модул од проектот „Безбедна училишна средина“.
Низ три тематски работилници, членовите на Ученичкиот парламент активно работеа на зајакнување на нивната комуникација, меѓусебна соработка и организациски капацитети:
-
Прва работилница: Учениците се запознаа со основите на функционирање на ученичката организација, улогите во тимот, нивоата на комуникација и важноста на ученичкото застапување.
-
Втора работилница: Преку практична работа ги совладаа истражувачките методи и алатки за ефикасна консултација и прибирање мислења од своите соученици.
-
Трета работилница: Стекнатите знаења ги применија во тимско осмислување и планирање на конкретни ученички иницијативи и проекти.
Овој модул придонесе за поактивно вклучување на учениците во училишниот живот и создавање позитивна, безбедна и поддржувачка училишна средина.