По повод 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот, учениците од Ученичкиот парламент на нашето училиште организираа низа едукативни активности со цел да ја подигнат свеста за оваа состојба, да ја дадат својата поддршка на лицата со дијабетес и да ја промовираат важноста од здравите навики.
Активностите започнаа со креативен дел во кој членовите на Ученичкиот парламент вредно работеа на подготовка на едукативни материјали. Учениците изработија специјални флаери и симболични обележја кои содржат клучни информации за тоа што е дијабетес, кои се симптомите, како да се препознаат и зошто се важни превенцијата и правилната исхрана. Како симбол на солидарност, заедништво и борба против дијабетесот, учениците формираа и симболичен круг во училишниот двор, испраќајќи порака дека со знаење, грижа и меѓусебна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе.
Во рамките на одбележувањето на денот, ученичките Теодора и Анамарија Илиевски одржаа инспиративна презентација пред своите соученици. Тие стручно и преку интересни примери им објаснија на присутните за значењето на овој датум, видовите дијабетес и начините на кои можеме да го намалиме ризикот преку воведување здрави животни навики, редовна физичка активност и избалансирана исхрана. Оваа успешна иницијатива на Ученичкиот парламент покажа дека со едукација, креативност и заедништво можеме успешно да ја подигнеме свеста за важни здравствени теми како дијабетесот.
Кординатор на активностите:Татјана Н. Додевска психолог-ментор