13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

Учениците од второ одделение при ПООУ „Браќа Миладиновци“ – с. Текија, го одбележаа 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
Преку креативна и едукативна активност, учениците изработија макета на градот Скопје, запознавајќи се со неговите знаменитости и значењето на овој важен историски датум. Исто така, проследија едукативно видео преку кое дознаа повеќе за историјата на градот и неговото ослободување.
Со ваквите активности ја поттикнуваме љубовта кон родниот град, креативноста и почитта кон минатото.

 
Одговорен наставник: Ана Симовска