Признание за Етвининг училиште

Ни претставува особено задоволство што нашето училиште ја доби плакетата за еТвининг училиште, којашто е доказ за вредната и посветена работа на учениците, наставниците и раководната служба.
Особена гордост беа учениците од трето одделение од ПООУ Текија кои со својата наставничка по англиски јазик Емилија Стојановска, одговорија на поканата да учествуваат со презентација и да го претстават успешниот проект на кој работеа во текот на минатата учебна година.
Особена благодарност и до предметиот наставник Елизабета Радевска која преку еТвининг проектите неуморно им покажува на учениците дека математиката може да биде интересна и забавна.
Настанот беше организиран од страна на Национална агенција за образовни програми и мобилност и сме благодарни што имавме можност да бидеме дел од истиот.
Нека ова биде поттик за останатите ученици и наставници да се вклучат во еТвининг мрежата и да внесат иновација и интеракција во наставата.

Галерија