OД СЕМЕ ДО РАСТЕНИЕ – УЧИМЕ ПРЕКУ ИСКУСТВО! 
Во рамките на темата „Живи суштества“, првачињата од ЦООУ „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци и ПООУ Текија, преку наставната единица „Од семе до растение“, имаа можност да се запознаат со светот на растенијата на еден интересен и практичен начин.
Со многу љубопитност и радост, учениците засадија семе од гравче, учејќи како од едно мало семе, со помош на вода, светлина и грижа, може да израсне ново растение. 
Преку оваа активност децата непосредно го доживеаја процесот на садење, ја развиваа љубовта кон природата и научија колку е важно да се грижиме за живите суштества.
Сега со нетрпение ќе го следиме растењето на нашите мали гравчиња и ќе откриваме како од семе се раѓа нов живот! 
Учиме, истражуваме, садиме и растеме заедно!
Одделенски наставник:
Габи Николовска
Ленче Крстевска