Мали научници во акција: Учениците од петто одделение ја истражуваат тајната на вулканите!
Часовите по Природни науки во нашето училиште никогаш не се само теорија – тие се вистинска авантура! Учениците од петто одделение имаа интересна и возбудлива практична активност преку која одблиску ја запознаа моќта на природата. Преку креирање на сопствен модел на вулкан и изведување на безбедна хемиска реакција, учениците имаа можност:
Да го видат процесот на „ерупција“ и како лавата се слева по падините на вулканот. Практично да ги поврзат теоретските знаења со природните појави.Да работат тимски, да ја разгорат својата љубопитност и да учиме преку игра и експериментирање.Науката е забавна кога се истражува со разбирање и насмевка! 
Одговорен наставник:Александра Стоевска