Европски ознаки за квалитет 2026

Ни претставува огромно задоволство што еТвининг проектите кои беа реализирани во текот на минатата учебна година и беа наградени со Национална ознака за квалитет, неодамна беа признаени и на европско ниво и добија Европска ознака за квалитет.
Ова признание претставува потврда за квалитетот на нашата работа, посветеноста на наставниците и активното учество на учениците во меѓународни образовни соработки. Признанието говори дека проектите се препознаени на европско ниво по својата креативност, соработка, иновативност и образовна вредност.
Честитки за успехот, и посакуваме уште многу успешни проекти во иднина!
Одговорни наставници:
Емилија Стојановска
Елизабета Радевска