Значење и заштита на дрвата

Учениците од деветто одделение учествуваа на онлајн-предавање за значењето и заштитата на дрвјата. Денес, учениците од IX одделение во нашето училиште беа дел од уште едно едукативно онлајн-предавање организирано од Македонското еколошко друштво (МЕД), во рамките на програмата на Мрежата за искуствено учење (МИУ). Главен предавач на настанот беше Цветанка Стојчевска од Ботаничката градина, која на љубопитен и интерактивен начин им ги приближи на учениците богатството и разновидноста на македонската флора.🍀Преку ова предавање, нашите деветтоодделенци имаа можност да научат:Како правилно да ги разликуваат автохтоните видови дрвја .Кои критериуми се важни при изборот на видови дрвја за пошумување и кои се правилните техники за одржувањето на еколошката рамнотежа, биодиверзитетот и секојдневниот живот на луѓето.Со учеството во вакви иницијативи, го поттикнуваме еколошкиот дух и свеста кај младите за зачувување на природната средина. Активноста е дел од проектот „Мрежа за искуствено учење“, поддржан од УНИЦЕФ (UNICEF) и Амбасадата на Шведска во Скопје.
 
Одговорни наставници: Александра Стоевска и Димка Б. Ѓорѓиевска