Развивање мотивација за читање кај учениците во време на дигитална доминација

Предметните наставници по англиски јазик Емилија Стојановска и Сандра Мартиновска одржаа работилница на тема „Развивање мотивација за читање кај учениците во време на дигитална доминација“ како дел од стручен актив, општествено-јазична група и физичко и здравствено образование. Во рамки на работилницата, присутните наставници имаа можност да се запознаат со активности кои можат да се применат во наставата со цел зголемување на желбата кај учениците за читање, како и развивање на креативност и критичко мислење. Ваквите можности за споделување на добра пракса се особено важни за унапредување на наставата и зголемување на мотивација кај учениците за учење и творење.