Превенција од врсничко насилство и развој на емпатија

Во рамки на стручен актив - одделенска настава, одделенскиот наставник Габриела Младеновска одржа работилница со наслов „Превенција од врсничко насилство и развој на емпатија.“ Работилницата изобилуваше со практични примери од активности кои може да се применат со учениците со цел да се промовира позитивно однесување, свесност за своите и туѓите чувства како и правилна комуникација. Ваквиот вид на соработка и споделување на добра пракса се одличен пример за професионален развој во рамки на училиштето што придонесува за мотивиран наставен кадар и разноликост во примената на наставните методи за работа. 

Галерија