-
18.10.2026
-
Сите активности, Настани
На 16 и 17 октомври се одржа 14-та интернационална конференција во организација на Асоцијацијата за наставници по англиски јазик и книжевност ЕЛТАМ МК со наслов “Teach, Transform, Thrive”. Со поддршка на училиштето на истата имаа можност да присуствуваат наставниците по англиски јазик -Марија Митрева, Емилија Стојановска и Сандра Мартиновска. Пруството на ваков вид настани е од особено значење бидејќи им овозможува на наставниците да бидат информирани за тековните трендови и истражувања во образованието како во регионот така и пошироко. Дополнително, присутните имаат можност за вмрежување и размена на искуства со цел на унапредување на наставата и осовременување на методите за работа.