Со љубов создаваме топла и пријатна училишна средина!

Со љубов создаваме топла и пријатна училишна средина! 🍁❤️
Училиштето не е само место каде што учениците стекнуваат знаења, туку и простор во кој растат, се развиваат, создаваат спомени и ги доживуваат едни од најубавите моменти од своето детство. Затоа, важно е училишната средина да биде пријатна, топла, разиграна и исполнета со позитивна енергија – место каде што секое дете ќе се чувствува среќно, сигурно, прифатено и мотивирано за учење. 🧡
Kога училницата е исполнета со љубов, а училишната средина инспирира и поттикнува, учењето станува поубаво, а секој училиштен ден – посреќен! 🍂✨
Одговорен наставник: Милена Сарафимовска