УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И НЕГОВИ ЗАМЕНИЦИ ВО ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ С. МИЛАДИНОВЦИ*


Денес, на 14.10.2026 година, во ООУ „Браќа Миладиновци“ с. Миладиновци се одржаа изборите за Ученички правобранител и негови заменици.
Во атмосфера на демократија, одговорност и другарство, учениците го дадоа својот глас за своите претставници кои во следниот период ќе се грижат за заштита на нивните права, ќе го промовираат меѓусебното почитување и ќе бидат мост на соработка помеѓу учениците и училишната заедница.
Врз основа на пребројаните гласови од страна на Училишната комисија:
*

За *Ученички правобранител* е избрана ученичката *Андреа Костовска*.
*

За нејзини *заменици* се избрани ученичките *Тамара Максимовска* и *Калина Славковска*
Им упатуваме искрени честитки на избраните ученички! Им посакуваме успешен мандат исполнет со многу иницијативи, отворена комуникација и успешна заштита и промоција на ученичките права и вредности.
* ООУ „Браќа Миладиновци“ – с. Миладиновци *