Во рамки на одбележувањето на Детската недела, под мотото „Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка!“, нашите првачиња денеска беа дел од свечен чин на кој ја дадоа својата свечена заклетва и официјално станаа членови на Детската организација. 💙
Овој посебен момент означува нов почеток исполнет со другарство, почит, заедништво и многу насмевки. Нека нивните училишни денови бидат исполнети со радост, убави спомени и приказни што ќе ги раскажуваат со насмевка! 🌈📚
Добредојдовте во Детската организација, драги првачиња!