Прием на првачиња во Детска организација

ПРИЕМ НА ПРВАЧИЊАТА ВО ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА 🎈
 
Под мотото „Детето е најубава приказна“, денес во нашето училиште се одржа свечен прием на првачињата во Детската организација.
По тој повод, беа реализирани пригодни активности преку кои учениците имаа можност да ја изразат својата креативност, да се дружат и да уживаат во заедничките моменти. Беше изработен хамер со мотото, а преку игровни активности и дружење се создаде пријатна и весела атмосфера.
Посебен момент беше свеченото изговарање на ветувањето, со кое првачињата и официјално станаа членови на Детската организација. Како симболичен подарок за овој значаен ден, учениците добија беџови, балони и слатки изненадувања.
Со ваквите активности се поттикнуваат чувството на припадност, другарството, меѓусебното почитување и радоста од заедничкото училишно живеење.
 
Одговорни наставници:
Габи Николовска и Марина Петкова
Образовен асистент:
Леона Пауновиќ 

Галерија