Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка!

ДЕТСКАТА НЕДЕЛА – ДЕТСТВОТО Е НАЈУБАВАТА ПРИКАЗНА 🌈
 
✨ „Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка!“ ✨
Денес беше посебен и свечен ден за нашите најмали ученици од ПООУ „Браќа Миладиновци",с.Текија. Со многу радост, насмевки и детска возбуда, нашите првачиња свечено ја одбележаа Детската недела, давајќи ја својата свечена заклетва и ветувајќи дека ќе ги чуваат детските права, ќе ги почитуваат другарчињата, ќе шират љубов, добрина и другарство. ❤️ Со гордост првачињата ја дадоа заклетвата и се одбележа Приемот на првачињата во Детската организација.
Нашата свешеност ја збогативме со читање и изработки на знаменца со детските права и цртежи и уште еднаш потсетивме дека секое дете има право на љубов,грижа,образование,игра,почит и безбедно детство.
Нека секое детско срце биде исполнето со радост, секој ден со нови откритија, а секоја детска приказна со многу љубов и насмевки! 💖
 
На сите ученици им посакуваме нека ова им биде убав и незаборавен почеток на уште едно училишно патување.

Галерија