Ден на народното востание

Одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, учениците од VII-1 одделение на часот по историја преку едукативна презентација се запознаа со историското значење на овој празник, почетокот на вооруженото востание и борбата за слобода.
 
🇲🇰Со почит кон минатото, ги негуваме историската меморија и патриотските вредности кај младите генерации.
 
Одговорен наставник: Билјана Таниќ.