ДЕТСКАТА НЕДЕЛА – ДЕТЕТО ИМА ПРАВО НА ИГРА И ПРАВО ДА БИДЕ ЗДРАВО!
По повод Детската недела, преку спортски активности, игри, дружење и многу насмевки, учениците од четврто одделение ја почувствуваат радоста на движењето, тимската работа и заедништвото.
Спортот е многу повеќе од игра – тој е пат кон здраво тело, среќно детство, самодоверба и правилен развој. Преку секоја игра учиме да соработуваме, да се почитуваме, да ги прифаќаме разликите и да се радуваме на успесите заедно.
Секое дете има право на игра, движење, здравје и среќно детство! Наша обврска е да му обезбедиме средина во која ќе расте здраво, безгрижно и исполнето со љубов.
Да ги поддржуваме децата, да ги охрабруваме да спортуваат и секој ден да им подаруваме причина за насмевка!
Одговорни наставници:
Марко Симиќ и
Елена Карагунова