Детската недела во ПОOУ „Браќа Миладиновци“, с. Текија, продолжи со многу смеа, движење и позитивна енергија! 
Во училишниот двор учениците уживаа во забавни „Игри без граници“, исполнети со различни предизвици, движење и користење разновидни реквизити. 

Преку играта учениците покажаа тимски дух, соработка, снаодливост и фер-плеј, но најважно од сè – се дружеа, се забавуваа и создадоа прекрасни заеднички моменти. 
Нека детството секогаш биде исполнето со игра, другарство, смеа и радост!
Одговорни наставници:
Влатко Најдовски, Радица Блажевска, Јелена Савова, Ана Симовска, Милена Сарафимовска и Ленче Крстевска.