Како дел од еТвининг проектот Little Voices, Big Dreams, а во рамки на Детска недела 2026, учениците од ПОOУ Мршевци го испишаа и второто поглавје од заедничката дигитална книга која ја изработуваат во апликацијата Canva. Имено, учениците ги претставија своите омилени играчки со што сфатија дека имаат многу заеднички интереси со учениците и од другите земји. Детската игра треба да биде дел од сечие детство и истата да буди насмевки и задоволство.
Секое дете има право на игра!
Одговорни наставници:
Емилија Стојановска
Јованка Грозданоска
Габриела Младеновска
Сунчица Митровска Јаневска
Мерима Тушевска