Едукативна работилница посветена на детските права

Детската недела – време за детските права!
 
По повод Детската недела, учениците од III одделение следеа интересна и едукативна презентација посветена на детските права.
Преку разговор, примери и активности, учениците се запознаа со своите права, но и со значењето на почитувањето на правата на секое дете.
Секое дете има право на љубов, грижа, образование, игра, заштита и безбедно и среќно детство!
Да ги учиме децата да ги знаат своите права, но и да ги почитуваат правата на другите.

 
Одд.наставник: Драгица Апостоловска

Галерија