Прегрни ја мудроста, подари насмевка!

Хумана мисија по повод Детска недела под мотото „Прегрни ја мудроста, подари насмевка“ ! Учениците од Ученичкиот парламент во посета на Домот за стари лица „Оаза“ !
Во рамките на традиционалното одбележување на Детска недела и по повод Светскиот ден за ментално здравје, учениците од Ученичкиот парламент од нашето училиште реализираа топла и инспиративна посета на Домот за стари лица „Оаза“. Оваа средба беше насочена кон меѓугенерациско поврзување, емпатија и грижа за менталната благосостојба на нашите највозрасни сограѓани.
🍀 Како посебен знак на внимание и почит, учениците претходно подготвија уникатни подароци во училиштето. Тие изработија ароматични кесички исполнети со сушена лаванда, чиј смирувачки мирис внесе свежина и насмевки во секојдневието на станарите во домот. Овој мал знак на внимание ја покажа креативноста, но и високата социјална свест на нашите ученици.
Посетата прерасна во топол и искрен разговор. Учениците им поставија бројни прашања на станарите од домот, интересирајќи се за нивните младешки денови, сеќавањата од училишните клупи и животните совети кои со задоволство ги споделија со нив.
„Разговорот со повозрасните ни откри колку се важни вниманието, добриот збор и споделената насмевка. Нивните животни приказни се вистинска лекција за сите нас,“ истакнаа учениците по средбата.
✨Преку оваа акција, училиштето продолжува активно да ја поттикнува солидарноста, хуманоста и менталното здравје кај младите. Посетата на „Оаза“ уште еднаш потсети дека вистинското образование не се стекнува само во училниците, туку и преку дела кои градат мостови меѓу срцата.
Одговорни лица: Татјана Н. Додевска психолог-ментор,
Александра Стоевска проф. по биологија-хемија

Галерија