Другарството е најубавиот подарок!

Во рамки на Детската недела, учениците од ПОУ „Браќа Миладиновци“, с. Текија, учествуваа во прекрасна активност посветена на другарството, споделувањето и радоста.

Со многу креативност, љубов и детска фантазија, учениците изработуваа свои мали подароци за другарчињата – ланчиња, алки, знаменца, украси и најразлични рачно изработени творби.
А потоа следуваше и највозбудливиот дел – другарска лотарија!


Секој ученик извлече број и по случаен избор доби подарок што го изработило некое од неговите другарчиња. На тој начин, секоја изработка стана мал знак на внимание, љубов и пријателство.

Денот беше исполнет со насмевки, радост, возбуда и многу убави моменти, а учениците уште еднаш покажаа дека највредните подароци се оние што се создадени со срце и се подаруваат со љубов.


Да ја негуваме детската радост, другарството и убавината на споделувањето!

Одговорни наставници:
Радица Блажевска, Јелена Савова, Емилија Стојановска, Ана Симовска, Милена Сарафимовска и Ленче Крстевска