Музичко столче

Како дел од активностите во рамки на Детската недела, учениците од ПОУ „Браќа Миладиновци“, с. Текија, учествуваа во весела и забавна активност – „Музичко столче“. 🪑🎵
Со многу смеа, музика и позитивна енергија, учениците уживаа во играта, се забавуваа и покажаа вистински натпреварувачки дух, но и фер-плеј, дружељубивост и меѓусебно почитување. ❤️
Ваквите активности придонесуваат за создавање весела училишна атмосфера, поттикнуваат дружење и соработка и им овозможуваат на учениците да учат и да се развиваат преку игра и забава.
Одговорни наставници:
Радица Блажевска, Јелена Савова, Ана Симовска, Милена Сарафимовска и Ленче Крстевска.

Галерија