-
07.10.2026
-
Сите активности, Е-твининг
Во рамки на Детска недела 2026 година, наставниците од ПОУ Мршевци заедно со своите ученици зедоа учество во етвининг проект со наслов Little Voices, Big Dreams. Во проектот учествуваат и наставници и ученици од Турција, Молдова и Србија. Целта на проектот е преку низа активности да се креира заедничка онлајн книга каде секое поглавје ќе им помогне на ученците да се запознаат подобро, да зборуваат за своите желби и очекувања но и да ги научат подобро детските права. Како прво поглавје во заедничката книга This is us... учениците креираа свои аватари и се претставија за подобро да можат да се запознаат со учениците од другите земји.
Одговорни наставници
Емилија Стојановска
Јованка Грозданоска
Габриела Младеновска
Сунчица Митровска Јаневска
Мерима Тушевска