Моето право

По повод Детската недела, учениците од ПООУ „Браќа Миладиновци“, с. Текија, учествуваа во активности посветени на детските права и обврски.
Како дел од активностите, учениците следеа презентација преку која се потсетија и ги продлабочија своите знаења за правата на децата, но и за нивните обврски и одговорности, согласно Конвенцијата за правата на детето. Преку разговор и дискусија, учениците имаа можност да ги искажат своите мислења, да наведат примери од секојдневниот живот и да размислуваат за значењето на почитувањето на сопствените и туѓите права.
Учениците активно учествуваа во активноста „Моето право“, при што ги издвојуваа и искажуваа правата што им се најважни: правото на образование, семејство, љубов и грижа, игра, здравје, заштита, слободно изразување на мислењето и други права. Во креативниот дел од активноста, учениците боеја илустрации посветени на детските права, со што на креативен начин го изразија своето разбирање за темата.
Преку овие активности учениците се поттикнаа да ги препознаваат, почитуваат и штитат своите права, но истовремено да ги почитуваат и правата на другите, разбирајќи дека секое право е поврзано и со одредена обврска и одговорност.

Галерија