ДЕН НА УЧИТЕЛОТ – СО ЉУБОВ И БЛАГОДАРНОСТ

ДЕН НА УЧИТЕЛОТ – СО ЉУБОВ И БЛАГОДАРНОСТ 🌷
 
По повод Денот на учителот, учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ подготвија посебен ден исполнет со насмевки, креативност, убави пораки и благодарност. ❤️
 
✉️ „Писмо до мојот омилен наставник“ – искрени зборови и пораки од срцето на учениците.
🎭 „Погоди го наставникот“ – учениците се најдоа во улогата на наставници, создавајќи многу забавни и интересни моменти.
🏆 Дипломи за наставниците – симболични признанија за трудот, посветеноста, трпението и љубовта вложени во секој ученик.
🌳 „Дрво на благодарноста“ – секој лист носеше по една убава мисла, порака или благодарност, а заедно создадоа едно големо дрво на почитта и благодарноста.
💚 Затоа што наставникот не пренесува само знаење – тој инспирира, охрабрува и остава трага во животот на секој ученик.
🌟 „Зад секој успешен ученик стои некој кој верувал во него.“

Галерија